Петмина Палестинци се убиени во напади на израелската војска на Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство на Палестинската управа и израелската армија.

Четворица Палестинци загинае, а девет се ранети од израелски оган за време на рација во Џенин, на северот на Западниот Брег.

Повеќе од 100 воени возила и два булдожера биле вклучени во нападот во Џенин и истоимениот бегалски камп, упориште на вооружени групи и честа цел на израелски воени напади, јави палестинската новинска агенција Вафа.

За време на рацијата над Џенин летале воени беспилотни летала, а во зградите околу главната болница во Џенин беа поставени снајперисти.

Дел од ѕидот околу болницата е урнат со воените булдожери, јави Вафа.

Израелската армија соопшти дека пронашла „експлозивни направи подготвени за употреба“ и возило полно со воено оружје и муниција.

Во соопштението се додава дека меѓу убиените е и висок функционер на Исламски џихад.

Петтиот Палестинец е убиен од израелски оган на влезот во Јату, на југот од западниот брег.

Западниот брег, што е окупиран од Израел од 1967 година, често пати е цел на напади на израелски воени напади, напади на еврејските доселеници врз Палестинците и палестински напади врз еврејските населби и израелските сили. Насилствата се интензивираа од почетокот на војната меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа, предизвикана од крвавите напади на екстремистите на исламската организација на 7 октомври врз јужниот дел на Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.