Фудбалерите на Пиза ја совладаа Монца со 2:1 во 24. коло од Серија Б, а натпреварот на свој начин го одбележа сопственикот на домашната екипа Силвио Берлускони.

Имено, поранешниот премиер на Италија и сопственик на Милан се уште е активен во љубовниот живот на 85 години, што го покажа на трибините на стадионот Монца.

Берлускони во живо го следеше својот клуб во друштво на долгогодишниот соработник Адријан Галијани, а раниот гол го прослави во осмата минута добивајќи сочен бакнеж од русокосата до него.

Марта Фасцина е во врска со Берслускони од пред две години, а таа има само 32 години.

Марта се занимава со политика и е пратеник од 2018 година, а со Берлускони стапи во врска во март 2020 година, откако поранешниот премиер ја раскина долгогодишната врска со Франческа Паскале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.