Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина.

Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарна катастрофа – истакна Верешчук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.