Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека 50 жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
Таа истовремено ја обвини Русија дека постојано го крши локалниот прекин на огнот и додаде дека евакуацијата е исклучително бавна поради тоа.
Во размената со Русија вратени се 41 затвореник.
Русија предаде 41 затвореник, меѓу кои 28 војници во размената на затвореници со Украина, изјави денеска вицепремиерката Верешчук.
Таа на Телеграм напиша дека и е „особено драго што меѓу оние кои се вратени во Украина е и високиот претставник на Украинската православна црква“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.