Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, изјави дека неговата држава го поддржува ставот на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи дека Велика Британија треба да и ги врати Малвините (Фокландските Острови) на Аргентина.
Венецуела ја декларира својата силна поддршка за легитимното барање на аргентинскиот народ во однос на Малвинските острови, нелегално окупирани од поранешната Британска империја веќе 191 година.
Како што Есекибо е територија на Венецуела, така и Малвинските Острови се аргентински! Правата на нашите територии се неограничени и нема да се откажеме од нив.
Денес е неопходно да се почитува меѓународното право и да се најде мирно и праведно решение за овие проблеми, порача венецуеланскиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.