Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 година, потег за кој некои туристички организации предупредуваат дека може да и наштети на туристичката индустрија.
Воведувањето на туристичката такса е обид да се ограничи „прекумерниот туризам“, пренесува „Еуроактив“ на српски.
Стапката, наречена Европски систем за информации и овластување за патување, ќе важи за оние кои ќе ја посетат Шенген зоната од ноември оваа година. Сите туристи кои не се членки на ЕУ ќе треба да платат 7 евра за безвизен влез – и тоа ќе треба да се обновува на секои три години.
Се поголем број шпански региони наплаќаат и за секоја ноќ помината во хотелско сместување, додека Валенсија ќе воведе сосема нова туристичка такса на крајот на годината. Барселона, главниот град на Каталонија, веќе има во сила данок за посетители, но тој ќе се зголеми оваа година. Претседателот на провинцискиот совет на Малага, Франциско Саладо, се изјасни против данокот на ЕУ и рече дека туризмот е економскиот мотор на Малага и Андалузија и го критикуваше потенцијалниот данок.
Како што рече, тоа може да биде голем проблем за Шпанија. Други градови низ Европа веќе имаат ноќни такси за посетители, како Прага, Берлин, Хамбург, Будимпешта и Амстердам, пренесува Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.