Во рамки на последното проширување на списокот санкции против Москва, Велика Британија забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија

Забраната за увоз е проширена и на среброто и производите од дрво, додека за 35 проценти се зголемуваат царинските давачки за дијамантите и гумата увезени од Русија и Белорусија.

Ја користиме секоја можност да го засилиме притисокот за изолирање на руската економија. Овие мерки само значат дополнително затегнување на завртките, затворајќи ги начините за остварување профит за воената машинерија на Владимир Путин – изјави британската секретарка за меѓународна трговија Ен-Мари Тревелјан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.