Велика Британија денеска воведе санкции за шест лица кои имаа раководни позиции во арктичката казнена колонија каде што минатата недела почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Меѓу санкционираните е и шефот на казнената колонија, како и петмина негови заменици. Ним им е забранет влезот во Велика Британија, а нивните средства се замрзнати, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Јасно е дека руските власти го сметаа Навални за закана и постојано се обидуваа да го замолчат, рече Камерон.

Оние кои се виновни за суровиот однос кон Навални не треба да се залажуваат – ние ќе ги повикаме на одговорност, рече Камерон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.