Британската министерка за надворешни работи Лиз Трaс, порача дека Велика Британија не исклучува санкции насочени лично против рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина.

На прашањето за можни санкции против Путин, Трас за британски „Скај“ изјави дека ниту една опција не е исклучена.

Ќе претставиме нов закон што ќе го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Тоа ќе го изнесеме во следните неколку дена. Не исклучуваме ништо – изјави Трас.

Таа додаде дека Велика Британија доставува одбранбено оружје на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.