Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека не може да има разговори со Русија за Украина додека има руски војници на украинска територија.

Доколку Русите се сериозни за преговори треба да ги повлечат своите војници од Украина. Не може да преговараат со вперен пиштол на главата на Украинците…Искрено не верувам во овие таканаречени напори за преговори.

 

Се плашам дека ова ќе трае долг период, ова може да трае неколку години. Русија има силни сили, но знаеме дека Украинците се храбри. Тие се решени да застанат во одбрана на нивниот суверенитет и територијален интегритет и решени се да се борат – изјави Трас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.