Британскиот премиер, Риши Сунак, соопшти дека Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови.
Британските медиуми потсетуваат дека за британскиот премиер, запирањето на пристигнувањето на бродовите со мигранти до јужниот брег на Англија е еден од неговите пет приоритети во работата на владата.
Нам не ни е потребно да го решиме овој проблем, туку да го искорениме, рече Сунак на заедничка прес-конференција со францускиот претседател, Емануел Макрон во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.