Велика Британија од денеска го суспендира целиот увоз на руски течен природен гас (ЛНГ), што е нова мерка во одговорот на Лондон на војната на Москва во Украина, пишува Гардијан.

Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Твитер објави дека од денеска е прекинат целосниот увоз на руски ЛНГ, „како дел од одговорот на илегалната инвазија на Украина“, пренесува Танјуг.

Велика Британија ја објави својата одлука да го прекине увозот на руски гас од јануари 2023 година во октомври.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.