Едно лице загинало кога се запалил трансформатор во нуклеарната централа Ростов, објави веб-страницата на компанијата „Росенергоатом“.

Инцидентот се случил во саботата во 18 часот и 30 минути, кога се запалил блок-трансформаторот од блок 3 кој е во редовна поправка. Пожарот е изгаснат во 18:42 часот.

На местото на пожарот пронајдени еден мртов и еден повреден работник во фабриката. Повредениот работник е хоспитализиран, укажана му е квалификувана лекарска помош“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека нема прекршувања на границите и условите за безбедно функционирање на опремата и се додава дека нивото на радиција во нуклеарната централа и во околината не е променета, односно не ги надминува вредностите на природното зрачење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.