Велика Британија најави нови санкции против „руските пропагандисти и државни медиуми“ против сопствениците на две телевизиски станици финансирани од Кремљ и еден истакнат водител поради инвазијата на Украина.
Британската влада во списокот на санкции ги вклучи рускиот телевизиски канал РТ, медиумската групација „Русија денес“ и 12 руски државјани, меѓу кои и генерал-полковник Михаил Мизинцев, шеф на рускиот национален центар за одбрана и новинарот Сергеј Брилев. Санкции се воведени и за Александар Жаров, шеф на медиа холдинг „Газпром“.
Ажурираната црна листа е објавена утрово на веб-страницата на британската влада.
Британија стана светски лидер во разоткривањето на дезинформациите на Кремљ, а оваа последна серија санкции ги погодува бесрамните пропагандисти кои шират лажни вести и наративи на (Владимир) Путин, рече министерката за надворешни работи Лиз Трус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.