Веганка чија диета со сурова храна вклучувала само егзотично овошје почина од глад и исцрпеност, пишува Дејли мејл. Русинката Жана Самсонова (39) десет години била на сирова диета, составена од овошје, семки од сончоглед, овошни смути и сокови. Имало и периоди кога практикувала „сув пост“ кога со денови не јадела и не пиела ништо.
Жана, која не пиела вода повеќе од шест години и ја заменила оваа неопходна течност за човековото тело со соковите од овошје и зеленчук, починала на 21 јули во Малезија.
Како што изјавила нејзината мајка, Вера Самсонова, за рускиот весник „Вечерњаја Казан“, таа починала од инфекција слична на колера, која се влошила поради нејзината екстремно рестриктивна исхрана. Официјалната причина за смртта сè уште не е утврдена бидејќи нејзиното семејство се обидува да го врати телото во Русија и моментално се справува со административни пречки. Жана требало да одлета дома во Казан на денот на нејзината смрт, открива мајката, која потенцираше дека не ја поддржувала исхраната на нејзината ќерка и се обидувала да ја убеди да воведе поурамнотежени навики во исхраната, но Жана одбивала.
Жана има над 10.000 следбеници на Инстаграм и патувала низ Азија во последните 17 години.
View this post on Instagram
На веганска диета била повеќе од 15 години, а започнала со повремено конзумирање риба и млечни производи. Но, со текот на времето исфрлала сè повеќе храна од менито, па на крајот јадела само сирово овошје и зеленчук со сок.
Тогаш почна и рецептите што ги подготвува да ги споделува на својот инстаграм-профил. Со текот на времето, видливо станува послаба. Во едно видео јаде цела диња и пие сок од морков, во друго јаде чери-домати, авокадо и сок од авокадо.
И покрај тоа што готвам отмени сурови јадења, се хранам многу едноставно. Мојата храна е едноставна, без масло, без сол, без дехидрирана храна и без протеини, пишува Самсонова во една објава.
View this post on Instagram
Жана тврдеше дека десетгодишното јадење сурова храна придонело таа да биде со совршено здравје и дека затоа никогаш немала сезонска настинка.
Но, во 2021 година, кога таа отпатувала во родната Русија за првпат по 9 години, веднаш фатила коронавирус. Тврдеше дека се излекувала со постење, не јадејќи или пиејќи ништо повеќе од десет дена.
Болеста постепено почна да се повлекува, секој ден со сув пост станував сè подобра и подобра… Најкритичното е зад мене и ја победив оваа болест, иако на неконвенционален начин што многумина го осудуваат, напиша таа во објава на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.