Ватикан понуди да организира преговори меѓу Украина и Русија на нејзина територија, изјави надбискупот Пол Ричард Галагер, шеф на одделот за надворешна политика на Католичката црква.

Тој истакна дека Ватикан и папата секогаш биле отворени за преговори од почетокот на конфликтот, но дека „се уште не е добиен конкретен одговор“, објави украински „Главком“.

Галагер објасни дека понудата останува валидна.

„Сметаме дека е соодветно и неопходно да го понудиме и обезбедиме ова место (за преговори). Светиот Отец би имал многу позитивно гледање на ситуацијата доколку двете страни се согласат на преговори, со добри намери и во духот на барање мир и дијалог“ – рече ватиканскиот надбискуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.