Експлозија на гас вчеравечер во северозападниот дел на Кина, во регионот Нингсија, предизвика смрт на 31 лице, јави ДПА, повикувајќи се на агенцијата Ксинхуа.
Експлозијата во Јинчуан, главниот град на провинцијата Нингсија, била предизвикана од експлозија на резервоар за течен гас во приземјето на ресторанот, а пожарот брзо се проширил и на првиот кат од зградата. јави Ксинхуа.
Седум лица се примени во болница поради изгореници и повреди од скршените стакла, додава агенцијата.
Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил целосна истрага за инцидентот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.