Уште девет држави се приклучија во тужба против Гугл, во која се тврди дека компанијата го прекршила законот за регулирање на пазарната конкуренција во бизнисот со дигитално рекламирање, објави Министерството за правда на САД.

Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија.

Владата поднесе тужба во јануари со осум сојузни држави (Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Тенеси и Вирџинија) тврдејќи дека Гугл незаконски ја користи својата доминација во дигиталното рекламирање.

Гугл ги негира тие тврдења и бара од судот да ја отфрли тужбата поднесена во Вирџинија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.