Рускиот суд го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам.

За Навални тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга.

Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе ја издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни.

Неговото сопствено политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.