Универзитетот Колумбија почна да брка од настава пропалестински активисти кои одбиле да ги соберат шаторите во поставениот камп на територијата на кампусот во Њујорк.
Универзитетот, кој e дел од престижната „Бршленова лига“ (Ivy league), објави неуспех на преговорите за запирање на протестните акции кои траат веќе со недели.
Претседателката на високообразовната институција, Миноуш Шафик, изјави дека неколкудневните преговори меѓу студентските организитори и академското раководство не ги убедило студентите да ги соберат десетиците шатори поставени како протестна акција поради војната на Израел во Газа.
Во писмо вчера, од таму испратија предупредување до демонстрантите со барање до 14 часот по локално време да потпишат формулар со ветување дека ќе ги почитуваат правилата на универзитетот. Во спротивен случај тие ќе бидат избркани од настава и нема да можат да го завршат семестарот.
Кампот создаде неповолна атмосфера за нашите еврејски студенти и предавачи, а вревата смета на предавањата, обуката и подготовката за испити, изјави на брифинг прес секретарот на универзитет Бен Чан.
Овој универзитет, кој стана еден од центрите на протестите што се почесто се случуваат на американските кампуси ширум САД, а поврзано со настаните во Газа, презеде жестоки мерки против активистите.
Во меѓувреме, полицијата на Универзитетот Тексас уапси десетици студенти кои беа на пропалестинки митинг при што против нив употреби и солзавец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.