Од Обединетите Нации соопштија дека околу 289 деца ги загубиле животите во првите шест месеци од 2023 година обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, што е значително зголемување.
Оваа бројка е двојно поголема отколку во првите шест месеци од 2022 година, додаваат од Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), повикувајќи на воспоставување безбедни хуманитарни коридори кои ќе им овозможат на децата да се засолнат во Европа.
Бројот на деца кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Средоземното Море во Европа се удвои во првата половина од годината во споредба со истиот период лани. Проценуваме дека на тој начин поминале 11.600 деца во првите шест месеци од годинава, што е двојно повеќе од истиот период лани, изјави шефицата за миграција и раселени лица на УНИЦЕФ, Верена Кнаус.
Во првите три месеци од 2023 година, околу 3.300 деца на таа рута, што е 71 процент од вкупниот број, биле без придружба или биле одвоени од нивните семејства. Тоа е три пати повеќе отколку во истиот период лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.