Агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ, објави дека речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради војната во земјата.

ОН потврдуваат дека најмалку 142 деца загинале, додавајќи дека реалниот број е речиси сигурно многу поголем.

Од 3,2 милиони деца за кои проценуваме дека остануваат во своите домови, речиси половина се изложени на ризик од недостиг на храна – вели Мануел Фонтен, директор на програмата на Советот за безбедност на ОН на УНИЦЕФ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.