Унгарската влада достави до Парламентот предлог за нова програма „Златна виза“ како дел од нацрт-законот со кој се регулира имиграцијата на лица од трети земји во Унгарија.

Предлог-законот ја воведува категоријата „виза за гостин-инвеститор“, односно за луѓе кои доаѓаат во Унгарија и се поврзани со проекти кои имаат статус на „стратешки важна инвестиција“.

Добивањето на таа виза би било предуслов за аплицирање за дозвола за престој, што ќе му овозможи на носителот на визата да остане во Унгарија 10 години, се наведува во нацртот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.