Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ денеска соопшти дека граѓаните ќе може да купат само 50 литри гориво дневно, со цел да се обезбеди доволно бензин и дизел во период на зголемена побарувачка поради туристичката сезона и жетвата.
– Го воведовме овој лимит за продажба на гориво на бензинските пумпи со цел да го гарантираме снабдувањето. Клиентите кои точат гориво во канистери повеќе нема да имаат право на попуст, изјави портпаролката на МОЛ, Пирошка Бакош.
Tаа додаде дека побарувачката на гориво во лето обично е за 30 до 40 отсто поголема, поради туризмот и жетвата, што значи поголема потрошувачка на нафтата.
Увозот на гориво во Унгарија е намален поради замрзнатите цени. Унгарската Влада ги замрзна цените на бензините и нафтата на 480 форинти (1,2 евра) за литар.
Унгарската Влада веќе пласираше гориво на пазарот од резервите со цел да го балансира пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.