Претставникот на унгарската влада, Золтан Ковач, во интервју за „Си-Ен-Ен“ порача дека плаќањето на рускиот гас во рубљи не ги прекршува европските санкции, затоа што Будимпешта има билатерален договор со Москва.
Со тие зборови тој ја коментираше изјавата на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која порача дека исплатата во рубљи ќе биде заобиколување на санкциите воведени кон Русија.
Европската Унија во моментов не купува гас и нафта за европските земји.
Продолжуваме да се придржуваме до договорите склучени со Русија кои се однесуваат на нафтата и гасот. Според нив, техничко прашање е во која валута ќе се плаќа гасот.
Ова не значи заобиколување на каква било политика на санкции. Како што добро знаеме, унгарската економија и унгарското население зависат од рускиот гас за 85 отсто – порача Ковач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.