Унгарската Влада ќе предложи четврта, засилувачка, доза вакцина против Ковид-19 за да се справи со ширењето на корона вирусот.
Секој што сака ќе може да прими четврта доза од вакцините, но тоа ќе биде направено по препорака на лекар. Во недела и официјално ќе ја соопштиме нашата одлука – информирал владин претставник, пренесуваат локалните медиуми.
Во Унгарија, околу 60 отсто од населението е вакцинирано. Земјата има население од 9,8 милиони жители. Половина од нив имаат примено две вакцини.
Бројот на новозаразени во изминатото деноноќие достигна 9.200 лица. Досега повеќе од 40.000 луѓе во Унгарија починале од Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.