Унгарија, во екот на сезоната на пожари, го претстави најмоќното противпожарно возило на светот, кое е базирано на руска технологија, за да се справи со бројните шумски пожари кои ја погодија земјата.

Возилото, познато како „Големиот ветер“ е хибрид кој ги користи ресурсите на две од веројатно најдолговечните воени машини во историјата. „Големиот ветер“ е развиен од страна на Русија, а произведен е со помош на „MB Drilling“ и е дел од МОЛ.

Еден од најпознатите тенкови во историјата, Т-34, е всушност основата на „Големиот ветер“. Овој руски тенк бил претставен во 1940 година, а по Втората светска војна, технологијата била усвоена од многу земји во светот.

Потрошувачката на вода на ова противпожарно возило е неверојатна, со дури 830 литри во секунда, а водениот тепих што го создава возилото е нешто досега невидено.

Инаку, „Големиот ветер“ се покажа во пракса во раните 1990-ти кога беше успешно искористен за гаснење на запалените нафтени извори во Кувајт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.