Наследниците на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, кој почина во јуни оваа година, планираат да се ослободат од неговата колекција слики за која сметаат дека е безвредна, а за која изнајмувањето на хангарот во кој се чуваат чини 800.000 евра годишно.
Исто така, проблемот го претставуваат и црвите кои се појавиле и уништуваат платна и рамки за слики, пренесува Италијанска „Република“.
Во големиот хангар има околу 25.000 слики и статуи купени на ноќни аукции, на кои Берлускони потрошил околу 20 милиони евра и на кои кои претежно се прикажани голи жени или, пак, Богородица.
Сепак, според експертите, вкупната вредност на сликите ја дава нивниот број, а не нивниот квалитет.
Од 25.000, можеби шест или седум се интересни“, оценуваат експертите за сликите.
Виторио Сгарби, уметнички критичар и близок пријател на Берлускони, вели дека принудата да се купуваат уметнички дела продадени преку ТВ аукции почнала сериозно во 2018 година како резултат на „непроспиени ноќи“.
Берлускони зад себе остави империја која вклучуваше фудбалски клуб, имоти, јахти и неговиот главен имот – Медиасет, најголемата комерцијална мрежа во Италија, вредна повеќе од шест милијарди евра, главно за неговите деца, пишува „Гардијан“.
Тој оставил и 100 милиони евра на својата партнерка Марта Фасина, 100 милиони евра на неговиот брат Паоло и 30 милиони евра на Марчело Дел Утри, поранешен сенатор од неговата партија Форца Италија, кој отслужи затворска казна поради врски со мафијата.
Се верува дека семејството размислува да ја претвори во музеј вилата Сан Мартино, каде што Берлускони беше домаќин на деловни и политички состаноци, како и некои од неговите познати „бунга бунга“ забави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.