Германија планира да регрутира 50.000 работници од Узбекистан. Узбекистанската агенција за надворешна миграција на работна сила, сооппшти дека германските работодавци понудиле 50.000 работни места за узбекистански граѓани.

Сојузното Министерство за труд и социјални работи на Германија нуди плати кои се движат од 1.000 евра до 2.000 евра, во зависност дали апликантот аплицира преку владината програма „Аусбилдунг“ или потпишува договор без посредници. На листата на слободни работни места се медицински сестри, возачи на камиони, туризам, занаетчиство и градежништво.

Плановите на германската влада да понуди „дарежливо гостопримство“ за дополнителни странски работници доаѓаат во услови на зголемена загриженост од многу обични Германци дека владините програми за имиграција, бегалци и работна сила се безнадежно прекинати. Анкета направена во ноември покажа дека над 70 отсто од земјата е вознемирена поради справувањето со миграцијата од страна на властите во Берлин. Тековните протести против владините планови за намалување на субвенциите за земјоделството дополнително ја разбрануваат ситуацијата.

Друг проблем за Германија се нејзините неуспешни обиди да ги вклучи мигрантите, особено украинските бегалци, во работното поле. Според извештај на „Дер Шпигел“, само 19 отсто од Украинците во земјата имаат работа и некако придонесуваат за германската економија, додека останатите едноставно сметаат на државните бенефиции и „премногу удобни услови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.