На украински социјални мрежи се шири видео во кое се гледа како припадници на вооружените сили на Украина му се обраќаат на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп со закани, а потоа палат кукла со неговиот лик.

Се вртиме кон Доналд Трамп. Заради тебе лудаку, на претседателот Зеленски не му дадоа оружје. Никогаш повеќе нема да станеш претседател. Ти си предавник и ќе платиш за тоа што си го направил“, велат украинските војници во пораката.

Неодамна, САД договорија нов пакет помош за Украина во вредност од 61 милијарда долари, за кој републиканците одбиваа да се договорат во претходните шест месеци.

Судејќи според пораката, Украинците веруваат дека пакетот помош за нив не бил договорен порано по наредба на Доналд Трамп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.