Непознати лица од Украина упатиле смртни закани до унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, пред неговото патување во Ужгород, на средба со неговиот украински голега, Дмитро Кулеба.

И покрај тоа, Сијарто на новинарите во Брисел им кажа дека има намера да ја одржи посетата и да разговара со својот украински колега како што е планирано на 29 јануари.

Сијарто изјави дека добил смртни закани од украински извори преку унгарската амбасада во Киев.

Тој оцени дека целта на заканата е да се фрли сенка на неговата средба со Кулеба, која беше планирана за следниот понеделник и да се спречи таа да се одржи, пренесуваат агенциите.

Украинските власти дадоа гаранции дека безбедносните мерки ќе бидат засилени за да се осигура дека средбата може да се одржи, рече Сијарто.

Се очекува на разговорот меѓу Сијарто и Кулеба да присуствува и шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андреј Јермак.

Една од темите ќе биде и подготовката на средбата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.