Украинските националисти планираат терористички напад во Лавов, во западна Украина, насочен против странските дипломати, вклучувајќи ги и тие на САД, предупреди Министерството за одбрана на Русија. Ваквите информации, биле добиени од заробен припадник на украинската специјална служба СБУ во регионот Доњецк и Луганск.

Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, прецизираше дека за време на воената специјална операција, заробеникот имал директно учество во организирањето на обуката на диверзантските групи за изведување напади во областите преземени од руските сили.

Тој открил и дека се прави подготовка на терористички напад од припадници на украинскиот национален баталјон, насочен против странски дипломати во Лавов. Според информациите, планирани биле напади и против вработените и против официјалните претставници во дипломатските претставништва на САД и другите западни земји.

Раководството на режимот во Киев е свесно за плановите на националистите, но не презема ништо за да го спречи нивното спроведување – посочи Конашенков.

Главната цел на ваквиот напад било да се обвини Русија и тој да послужи како провокација за да се изврши притисок врз Северноатлантската алијанса и да се принудат земјите од НАТО да воведат „зона на забранети летови“ над Украина.

Националистичкиот режим во Киев, со својата провокација против американските дипломати, планира да ја намести Москва и да го претстави нападот како наводен цел напад на руските вооружени сили – истакна Конашенков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.