Украинскиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот со кој на Украинците им се дозволува да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана.

Усвојувањето на овој закон е целосно во интерес на државата и општеството“, изјавија авторите на нацрт-законот, пренесува „Ројтерс“.

Тврдат дека донесувањето на овој закон е неопходно поради, како што велат, заканите и опасностите со кои се соочуваат граѓаните на Украина.

Украина денеска почна да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст меѓу 18 и 60 години, по указ на претседателот Вoлодомир Зеленски, откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Донецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во областа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.