Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ги повика членките на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно за борба против Русија.
Мојата агенда е многу едноставна. Во неа има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје.
Ги повикувам сите сојузници да ги остават настрана своите колебања и неподготвеноста да и обезбедат на Украина сè што и треба.
Најдобар начин да и се помогне на Украина е да и се обезбеди на земјата се што и е потребно за да го стави рускиот претседател Владимир Путин на свое место и да ја порази руската армија – изјави Кулеба пред новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Кулеба порача дека Германија „може да направи повеќе во однос на испораката на оружје „со оглед на нејзините резерви и капацитети“ и дека донесувањето одлуки трае премногу долго.
Додека Берлин има време, Киев нема. Колку повеќе и побрзо Украина добива оружје, толку повеќе животи ќе бидат спасени и помалку градови ќе бидат уништени – потенцираше Кулеба.
Украина го повика Западот да ги зголеми испораките на потешко оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, артилерија, тенкови и авиони, додека Москва ја пренасочува својата офанзива кон исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.