Украински војник убил двајца свои соборци во Киев, јавија украински медиуми.

Инцидентот се случил откако војникот Константин Кирјаченко, ја завршил стражата по што пиел алкохолни пијалоци со уште двајца војници на украинската армија на улиците на главниот град на земјата.

За тоа време, дошло до конфликт меѓу војниците, по што Кирјаченко ги застрелал своите војнички колеги со автоматска пушка калашников.

Жртвите починале на лице место… Кирјаченко се обидел да побегне, но два часа подоцна бил уапсен“, изјавил полициски извор цитиран од украинските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.