Нигериска студентка по медицина, која неодамна избегала од Украина, раскажува како таа и други Африканци биле запрени од вработени на автобуска станица во Украина, во нивниот обид да стигнат до границата со Полска.
Џесика Оракпо (23) ги обвинува украинските работници на автобуската дека им дозволувало само на белци да влезат во автобусите и дерка група од дваесетина Африканци биле принудени да останат на станицата. Многу други етнички групи раскажуваат слични приказни за расизам во изминатите две недели, додека се обидувале да побегнат од Украина, пишува магазинот „Пипл“.
Џесика, која живее во Украина од 2016 година и требало да дипломира во јуни, своето патување го почнала на 26 февруари, со само еден мал куфер, ранец и неколку основни работи, како вода, сок, слатки и ќебе. Таа заедно со пријателката Натаизија Нанјангве од Замбија, со такси тргнале на запад, кон граниниот премин Медика на полската граница.
Тие морале да пешачат значаен дел од патот откако возачот заглавил во сообраќајниот метеж и им рекол дека не може да продолжи понатаму. Пешачејќи по патот, еден возач им се смилувал и им понудил превоз до засолниште каде што преноќиле и за каде им рекол дека може да се качат на автобус што ќе ги одведе право во Полска.
Наредното утро заминале на автобуската станица во Мостиска во Украина, близу до границата, за да го фатат автобусот за Медика, веднаш преку полската граница.
Сепак, како што раскажува Џесика, тие две биле спречени во нивната намера затоа што не им било дозволено да влезат на станицата затоа што вработените на станицата им давале предност на белите Украинци.
Не те ни погледнуваа ако си Црнец. Оценуваа кој може да патува врз основа на бојата на кожата – вели Џесика.
Do sada je ukupno 2,5 miliona pobeglo iz Ukrajine od početka invazije Vladimira Putina 24. februara – u najvećem egzodusu Evrope od Drugog svetskog rata.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.