Дрон од типот Ту-141 Свифт што падна на 150 километри од Москва е ист како дронот што го погоди Загреб минатата година, пишува Индекс.

Според агенцијата Тасс, леталото кое денеска експлодира во Киреевск, во регионот Тула, и повреди три лица, било од украинско потекло.

Според руското Министерство за одбрана(МО), дронот полн со експлозив бил соборен, со што била сменета неговата насока и паднал во Киреевск.

Во неколку наврати Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за користење на овие дронови. Последен пат тоа се случи на почетокот на декември, кога Русите рекоа дека Украинците ги нападнале нивните воздушни бази со дрон како оној што падна врз Загреб.

Дронот Ту-141 Стриж е од советското време и повеќе личи на крстаречка ракета отколку на современ дрон.

Спасувачките служби работат на лице место, нема опасност за безбедноста на населението и инфраструктурата. Шефот на регионот Алексеј Дјумин бил веднаш информиран за експлозијата и ја координира работата на сите служби и понатамошните активности.

Како што подоцна известија службите за итни случаи, причина за експлозијата, според првичните податоци, е пад на дрон со муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.