Според украинските власти, руски војници биле изложени на радијација за време на нивната операција во поранешната нуклеарна централа во Чернобил.
Украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом соопшти дека руските војници ископале ровови во зоната околу реакторот и затоа се контаминирале со радиоактивен материјал. „Невозможно е да се измери степенот на радиоактивната контаминација на руските војници“, рече директорот на централата Валери Сејда. пренесе ДПА.
Во интервју објавено на веб-страницата на агенцијата, шефот на Енергоатом Петро Котин рече дека војниците не се физичари и дека биле испратени во радиоактивно контаминираниот регион целосно несвесни.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на својата Фејсбук страница напиша дека примиле толку голема доза на зрачење што „нејзините последици ќе треба да им ги објаснат лекарите во заштитни одела“.
Кремљ засега е без коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.