За време на битката за Мариупол, украинските сили претрпеле огромни загуби.

Началникот на медицинската служба на 36-та одделна бригада на украинскиот марински корпус, мајор Владимир Лабузов, кој одлучил да го положиоружјето и да се предаде на руските сили, за РИА вели дека неговата бригада загубила повеќе од 700 луѓе – мртви, ранети или исчезнати во Мариупол.

За целата бригада има најмалку 500 ранети, најмалку 300 се тешко ранети, а загинаа околу 130 лица. Но, овие се оние за кои знам во моментов. Се уште има исчезнати лица за кои не знам што се сучило – вели Лабузов.

Според него, исчезнале „околу сто луѓе“.

Тие или се во заробеништво или умреле или седат некаде во некој подрум – додава Лабузов.

Минатата недела Народната милиција на Доњецката Народна Република извести за смртта на командантот на 36-та бригада на украинските маринци, Владимир Барањук, кој загинал во обид да се пробие од територијата на Железарницата „Илич“ во Мариупол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.