Официјални украински претставници велат дека неколкудневните обиди на руските сили да се пробијат во стратешки важниот град во источна Украина, Авдеевка, го губат интензитетот.

Украинските сили одбија 15 руски напади врз Авдеевка од четири правци во изминатите 24 часа. Слабеењето на нападите сугерира дека руските обиди за повторно заземање на Авдеевка се забавуваат, соопшти украинскиот Генералштаб.

И во анализата на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, се наведува дека руските сили ги продолжиле своите офанзивни операции насочени кон опкружување на Авдеевка, но дека сè уште не постигнале дополнителен напредок поради веројатно забавување на руските операции во областа.

Авдеевка е населено место во непосредна близина на Доњецк и е најсилно утврдената одбранбена зона на украинските сили на фронтот, од каде вршат секојдневно бомбардирање кон градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.