Украински дрон удри во комбе со патници во регионот на Белгород. Повредени се осум цивили, меѓу кои и четири деца, пишува руска „Газета“.
Инцидентот се случил во близина на регионалниот центар кај селото Октјабрски. Двајца мажи со рани од шрапнел се пренесени во Градската болница. По укажаната прва помош две жени се пуштени на амбулантно лекување.
„Во Регионалната детска болница се хоспитализирани четворица малолетници. Момче на возраст од 17 години има повреда од минска експлозив и рана од шрапнел на ногата. 16-годишно девојче има рана на потколеницата. 10- годишно момче има затворена краниоцеребрална повреда и баротраума 8-годишно момче има рана на ногата и минска експлозивна повреда“, изјави началникот на регионот, Вјачеслав Гладков.
Комбето било тешко оштетено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.