Снимка од тенк како гази автомобил во Киев со огромна брзина ги преплави социјалните мрежи и предизвика бура осуди за руската впоена акција во Украина.

Сепак, иако првично беше објавено дека станува збор за руски тенк што го прегазува автомобилот, од ОЦЦРП се огласија со извинување до јавноста и со информација дека не станувало збор за руски тенк, туку дека вистината е оти автомобилот бил прегазен од украински тенк кој загубил контрола.

Ги избришав сите мои ретвитови на кои се гледа како воено возило гази цивилен автомобил во Киев. По се изгледа дека станува збор за украинско воено возило кое загубило контрола. Ова е добар потсетник дека не треба да се шират непроверени содржини на социјалните мрежи – објави на твитер уредникот на ОЦЦРП, Илија Лозовски.

Во моментот на инцидентот во авотмобилот имаше повозрасен човек, кој успеа да го преживее инцидентот и да го напушти смачканото возило со помош на неговите сограѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.