Украинската пратеничка Ина Совсун го критикуваше обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во Полска, велејќи: „Не слушнав ниту еден збор од американскиот претседател што би ме смирила, како Украинка“.

Таа го критикуваше Бајден, велејќи дека САД не направиле доволно за да и помогнат на Украина, која е под руска инвазија повеќе од еден месец.

Пратеничката Ина Совсун на својот Твитер профил напиша дека Бајден за време на говорот во Варшава не кажал „ниту еден збор“ со кој Украинците ќе се чувствуваат побезбедни.

Ќе бидам сурово искрена.

Не слушнав ниту еден збор од претседателот на САД што би ме убедила како Украинка дека Западот ќе ни помогне повеќе отколку што направи досега (што не е доволно).“ Среќна сум што ја увери Полска, но бомбите експлодираат во Киев и Харков, а не во Варшава.

Совсун остро проговори и на својот Фејсбук профил каде меѓу другото напиша:

Многу е лесно да се настапува во Варшава и да се храбрат луѓето да не се плашат. Додека нашите момчиња и девојки се борат за цел свет, ракети од Москва ни летаат над нашите куќи, а половина од нашите деца се принудени да одат во странство. А ние продолжуваме да се бориме. На секоја педа од нашата земја. За истите вредности за кои Бајден толку убаво зборуваше. И ќе продолжиме да се бориме – не се сомневам. Дури после говорот сфаќам дека ќе продолжиме да се бориме сами “, напиша таа и ги повика да пружат помош за „конкретни акции“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.