Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека западните сили се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија додека се обидуваат дополнително да ја изолираат Москва и да постигнат прекин на огнот.
„Овие санкции имаат влијание и може да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект“, рече Макрон на прес-конференција по самитот на лидерите на НАТО и Г7 во Брисел, пренесува „Ројтерс“.
Според Би-би-си, францускиот претседател предупредил и на претстојната криза кога станува збор за храната бидејќи и Украина и Русија се големи извозници на основни прехранбени производи, а нивното производство во голема мера е загрозено поради војната.
Тој додаде дека некои земји, вклучително и оние на Блискиот Исток и Северна Африка, се особено зависни од извозот од Украина и Русија. Ситуацијата дополнително ќе се влоши за една година или за 18 месеци бидејќи украинските земјоделци нема да може да садат нови култури, додаде Макрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.