Секоја руска употреба на хемиско или биолошко оружје во Украина би била кршење на сите правила, сите договори и сите постојни конвенции, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по вонредниот состанок на Г7 во Брисел.

Шолц решително ги отфрли руските наводи дека Украина развила хемиско или биолошко оружје и го отфрли барањето на рускиот претседател Владимир Путин земјите непријатели да почнат да плаќаат за рускиот гас во рубли, пишува Си-ен-ен.

„Валутата на плаќање е дел од договорот и тоа е она што важи. Најмногу се плаќа во евра или долари“, изјави Шолц во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.