Украинка се обиде да си го прошвервцува сопругот преку граница во кутија за бебешки играчки. Граничната полиција го фатила 37-годишниот маж на преминот Рососани со Молдавија. Автомобилот полн со играчки им изгледал сомнително, а откако ги провериле документите за жената и двете деца, го прегледале багажникот.

Како што се испостави, сопругата се обидела да го прошверцува таткото на нејзините деца преку граница. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја преминуваат границата, соопшти Украинската гранична служба.

Против 37-годишникот е поднесена тужба за обид за неовластено преминување на државната граница, а тужба ќе биде поднесена и против неговата сопруга која по член 332 од Кривичниот законик се обидела да незаконски да пренесе човек преку државната граница.

Што се однесува до забраната за напуштање на државата, има и отстапувања како медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, дали сам одгледува дете, дали има дете со попреченост или ако посвоил дете. Две деца не се вклучени во овие исклучоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.