Светиот синод на Украинската православна црква на последното заседание, ја усвоило одлуката број 19.

Таа се однесува на можноста за одржување богослужба во чест на раѓањето Исус, према новојулијанскиот календар на 25 декември 2022 година, како што е објавено на официјалната страница на УПЦ.

Нема сомнеж дека оваа одлука е верска колку што е и политичка, бидејќи претставува уште еден чекор во оддалечување на украинските верници и Црквата од Руската православна црква, која на чело со патријархот Кирил ја подржува агресијата на својата држава на Украина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.