Силата на руската воздушна бомба ФАБ-3000, која почна да ја произведува рускиот војно индустриски комплекс споредлива е со тактичко нуклеарно оружје.
Пензионираниот полковник СБУ и воен експерт Олег Стариков тврди дека употребата на ФАБ- 3000 ќе предизвика невидена паника меѓу украинските сили на фронтот.
Сега почнува најлошото. Русите почнаа да го произведуваат ФАБ -3000 кој сам по себе целосно ги уништува утврдените области – рекол Стариков за Јутјуб каналот Политека, споредувајќи ја силата на руската авионска бомба со тактичко нуклеарно оружје.
Бомбите ФАБ-3000 со таков модул имаат многу сериозно влијание на линиите на борбениот контакт-признал Стариков.
Според неговото мислење, новата ФАБ-3000 ќе влијае врз моралната и психолошка состојба на украинските трупи.
Тон и пол експлозив е како… Ако човекот биде погоден, се распаѓа на молекули, а на сите кои се наоѓаат на 2-3 километри им пукаат ушните тапанчиња. Да не го заборавиме стравот и паниката. Тоа е најопасната работа која постои – предупредил Стариков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.