Шефот на украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ изјави дека руските власти се обидел да ја преземат контролата врз украинската нуклеарна централа Запорожје.

Според шефот на Енергоатом, Петро Котин, руските сили му кажале на украинскиот персонал дека електраната сега и припаѓа на руската државна компанија „Росатом“.

Котин додаде дека 10 претставници на Росатом, вклучително и двајца високи инженери, потоа неуспешно се обиделе да влезат во електраната и да го преземат управувањето.

На територијата на нуклеарната централа има околу 500 руски војници со автоматско оружје. Нашиот персонал е во исклучително лоша психичка состојба – вели Котин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.