Военото воздухопловство на Украина соопшти дека украинската воздушна одбрана соборила 35 од вкупно 39 беспилотни летала лансирани од Русија врз нејзина територија во текот на ноќта.

Повеќето беспилотни летала биле уништени над источните и јужните украински региони. Не е прецизирано дали имало уништување.

Од военото воздухопловство соопштија и дека Русија истрелала и четири крстосувачки ракети С-300, но не појаснуваат што се случило со проектилите и дали стигнале до целта.

Во исто време, во украинско гранатирање во селото Кулбаки во областа Курск во Русија, една жена е убиена, а нејзиниот сопруг е тешко повреден, соопшти гувернерот на руската област која граничи со Украина.

Станбена зграда е зафатена во пламен, а локална жена загина. Нејзиниот сопруг е тешко изгорен, напиша гувернерот Роман Старовоит на Телеграм.

Оштетен е и уште еден дом во истото село, од кој дел остана без струја.

Старовоит, во друга порака на Телеграм, соопшти дека беспилотно летало лансирано од Украина паднало на територијата на складиште за нафта во областа Курск и се запалило.

На лице место работат противпожарни екипи и претставници на оперативните служби, напиша тој, не наведувајќи повеќе детали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.